апсорбира (св. и несв.)
Таквото насочување на народното стопанство ја исклучувало можноста за создавање на месна индустрија што би ги апсорбирала домашните суровини и во исто време би произведувала за домашниот пазар.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Така е достигната центрифугалната, ексцентрична точка, во која движењето создава празнина што ве апсорбира.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Секој организам скита низ вештачка околина трагајќи по ресурси и апсорбирајќи ги во внатрешен резервоар.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Таквиот збогатен систем не е едноставен, не е подложен на едно начело (исто така нема „водич”), не е сличен на војничкиот систем за да ги игнорира промените и да бега од новотариите кои лесно би го минирале; напротив, тоа е систем кој што безризично произведува ново и демонстративно ги апсорбира сите новини.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Романот ги апсорбира другите книжевни родови.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таа сакаше тој да ги изеде, таа сакаше неговиот метаболизам да го преработи неверството во неговиот систем, така што неговото тело ќе може да го апсорбира тоа неверство и да живее со него.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Системите кои го привлекуваат вниманието не се во термодинамичка рамнотежа - тие имаат метаболизам, апсорбираат енергија од некој надворешен извор и го отфрлаат она што не им е потребно.“
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
На тој начин актуалната партикула емитува и апсорбира помалку или повеќе блиски виртуални делови, од различни поредоци.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Никогаш немаше искусено, или немаше сонувано, дека може целосно да апсорбира друго човечко суштество во своето дишење и својата крв.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ќе го зголемиме моз вашите ученици седат потполно конечно се апсорбираат во невроните сеуште е огромна Под површината на секоја 44 виртуелна машина секогаш дека е многу блиску до сржта чувства.
„МАРГИНА бр. 2“
(1994)
“ (Strelac 1995) Тој предвидува синтетичка кожа којашто ќе може да ги апсорбира кислородот и другите хранливи состојки, ќе исчезне потребата од внатрешни органи, а телото ќе се испразни и ќе се наполни со технички импланти.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)